Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Уметничката слика „Salvator Mundi“ која авторски му се припишува на славниот и култен уметник Леонардо Да Винчи, а која на аукција во Њујорк беше продадена за рекордни 450 милиони долари, во суштина ја нема насликано Да Винчи лично, туку некој негов помошник и асистент, тврди научник од престижниот Оксфорд.
„Salvator Mundi“ е најскапата уметничка слика досега продадена во светски рамки, а беше купена во име на владата на Обединетите Арапски Емирати и ќе биде изложена во Лувр во Абу Даби.
Неколку експерти наведуваат дека оваа слика е едно од 20-те сочувани дела на Да Винчи во рацете на приватни колекционери. Но, сега, оксфордскиот експерт Метју Ландрус тврди дека „Salvator Mundi“ всушност не е настаната лично од раката на Да Винчи, туку ја има насликано неговиот асистент Бернардино Луини.
„Можам да докажам дека Луини го насликал најголемиот дел од таа слика. Доволен доказ е споредбата на сликите од Луини со Salvator Mundi“, вели Метју.
Лувр во Абу Даби во јуни најави дека сликата „Salvator Mundi“ ќе биде изложена на 18 септември. Од музејскиот оддел за култура и туризам најавија дека станува збор за дело изработено во масло на платно и дека на сликата е прикажан Исус Христос кој држи кристална топка.