Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Една од основачките на радикалното феминистичко движење Фемен, 31-годишната Оксана Шачко, беше пронајдена мртва во својот стан во Париз.
Таа најверојатно извршила самоубиство. Шачко во последно време страдала од депресија, а веќе имала и два обиди за самоубиство.
Шачко е позната по топлес протестите против сексуалната експлоатација на жените, по што движењето Фемен, формирано во 2008 година стана познато ширум светот.
Пред смртта Шачко на Инстаграм напиша „Вие сте лажни“.
Таа во 2012 година ја напушти Украина со цел да избегне обвинение поради активизмот.
Шачко беше уметничка, која во своите дела сликаше искривени верски сцени, со кои испраќаше политички или феминистички пораки.