Home Вебкафе Околу ногата му се обвитка една од најотровните змии на светот – мачно за гледање до крај

Околу ногата му се обвитка една од најотровните змии на светот – мачно за гледање до крај

Фотограф од Перт имаше наежувачки блиска средба со една од најотровните змии на светот, копнениот таипан.

Рос МекГибон (33) е искусен фотограф и ловец на змии, па и во оваа, за нас останатите смртници, моринчаво опасна и наежувачки страшна ситуација во која веројатно би ги наполниле гаќите, остана неповреден. Тој вели дека, и покрај тоа што таипанот е една од најотровните змии на светот, таа е прилично срамежлива, но дека може и жестоко да се брани ако почувствува дека е загрозена.

Source: Heart pounding moment deadly snake slithers across man’s feet  by Caters_News

„Генерално, ако останете мирни, ни змијата нема да ве нападне“, вели Рос. Големите змии каок таипанот, кои трагаат по своја храна, имаат одличен вид и доста се реактивни на движења. Поради тоа, еден од најдобрите начини змијата да се почувствува безбедна за да не ве нападне е и вие да останете мирни, објаснува МекГибон.

„Секако, не препорачувам до јавноста да се доближува олку до змиите, но ако знаете што да правите низ годините полни искуство, тогаш сте поподготвени да процените дали сте во опасност или не. Пред сè, немојте да се обидувате да уловите или убиете змија“, вели Рос чиј улов ќе ги краси и страниците на австралиското издание на National Geographic.

Таипан е копнена змија која живее во сушните предели од Австралија, а чиј отров може да усмрти глушец за неколку секунди. Средбите на луѓето со овој вид змија се ретки, а неодамна беше откриен и трет вид – западен пустински таипан (Oxyuranus temporalis), на кој му беа посветени пет страници од познатото списание.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Љубов што му пркоси на времето: Романтичната бајка на Џон Бон Џови и неговата муза Доротеја, раскажана преку 36 рози и 36 години брак

Во светот на славните, каде браковите често траат колку и насловите на списанијата, ретки …