Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во рамки на контаминираното подрачје во поширокиот појас околу нуклеарната електрана Чернобил изминативе седум дена беснее шумски пожар. Надлежните од Украина лица велат дека не постои опасност од зголемување на радиацијата.
Стотици пожарникари со помоѓ од воздух се борат со неколкуте шумски пожари ширум подрачјето околу Чернобил, наведе „Асошиејтед Прес“.
Противпожарните екипи успеале да го контролираат иницијалниот пожар, но огнот се проширил и се заканува дека ќе ја зафати и напуштената нуклеарна електрана.
Cidden artık dünyaya koca bir meteor çarpısında artık bitsin bu eziyet bu ne işkence eder gibi felaketler üst üste geliyor 🤦🏻♀️ #Chernobyl pic.twitter.com/xBpD4O9FwW
— Rojda Üçyol (@RojdaUcyol) April 14, 2020
Сепак, од украинската служба за вонредни ситуации тврдат дека ситуацијата е под контрола, дека напуштениот комплекс на поранешната нуклеарна електрана не е загрозен и дека нивото на радиација во Киев кој е на 100км одалечен е во гранците на нормалата.
Пожарите не се необична појава во тој дел од Украјна затоа што на почетокот на пролетта селаните често палат сува трева.