Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Владата донесе одлука со која околу 20.000 административни работници во Македонија оваа година ќе добијат регрес за годишен одмор.
Најпрвин требаше да се направи целосна реформа во јавната администрација, односно сите оние кои работат таму, а се неефикасни и неефективни најпрво требаше да се реформираат, па понатаму на сите што заслужуваат да се во јавниот сектор и да работат, да им биде поделен регрес, вели претседателката на ССК, Даниела Арсовска.
Манчевски пак вели и реформата и повисоките права за администрацијата треба да одат парелелно.
Ние не можеме да очекуваме дека ќе добиеме квалитетни и ефикасни услуги ако ги држиме платите во јавниот секот на ниво како што биле пред 10 години додека другите плати во државата растат. Дали ове е предизборно? Не ова се преговараше долги и тешки две години, вели министерот Дамјан Манчевски.
Вицепремиерката Мила Царовска смета дека тоа ќе придонесе работниците да се чуствуваат подобро.
Дел од администрацијата можеби не е целосно продуктивна, но имаме администрација која покажува добри резултати. Тоа се гледа од сите овие мерки за кои што ние зборуваме тука сите економски политики кои се спроведуваат секако дека се искреирани и се имплементираат во моментов од одреден дел од администрацијата. Сметам дека не треба да дервалвираме ниту еден работник во нашата држава, зошто сепак нашата држава има мал човечки потенцијал, вели Царовска.
Ангеловска тврди регресот нема да влијае на буџетот, бидејќи институциите ќе треба сами да си ги обезбедат вкупно околу 3,3 милиони евра од сопствените буџети.
Уставно и фер е и недискриминирачки ова право да го имаат сите вработени во нашата земја. Во однос на фискалните ефекти, отприлика изнесуваат околу 200 милиони денари вкупнот износ.
Реагираа и другите синдикати. КСС и СОНК велат одлуката е предизборна и дискриминирачка, бидејќи не е опфатена целата администрација. Бараат итни преговори за Општиот колективен договор во јавниот сектор.
Инаку К-15 од минимум 9.000 денари до крајот на годинава ќе земат околу 20.000 вработени во органите на државната управа, стручните служби во владата, судовите, обвинителствата, вработените во држававни агенции, фондови, центри за социјални работи и др. А нема да добијат тие во безбедност, одбрана и разузнавање, здравство, образование, култура, труд.