Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Околу 2.400 девојки и жени трчаа на седмата Авицена Женска трка. Стартот на трката беше кај фонтаната Лотус во Градскиот паркво Скопје, а се одвиваше по булеварот „Илинден“.
Првото место на трката го освои Биљана Кираџиева, со време од 10:40 минути, додека втора беше Ирма Хајдари со 10:54 минути, а трета Ања Еклер со 11:21 минути. Воедно, медаљи им беа доделени и на сите кои завршија меѓу првите три во седумте возрасни категории. По наградите следуваше лотарија преку која беа извлечени среќните добитнички на подароци од партнерите на Авицена Женска трка.
„Ова е ден на сплотеност и заедништво. Прекрасно се чувствуваме сите. Ни претставува исклучително задоволство што можевме да го постигнеме ова како организациски тим. Најголемата енергија доаѓа од учесничките. Се гледа дека со љубов трчаат и ја сакаат патеката. Затоа со голем труд даваме сѐ од себе оваа трка да биде што е можно подобра од година во година“, истакна Гордана Николовска од Сојузот на спортови од Град Скопје.
Таа додаде дека трката е посветена на Снежана Караџовска која исто така учествуваше на Женска трка да ја покаже нејзината желба за повторно да прооди.
„Оваа година повторно го урнавме рекордот на пријавени. Ова се должи на сите кои трчаа изминатите трки. Тие се доказ и поттик дека модерната жена треба да се фокусира на трчањето и спортувањето и тие се тие кои ги мотивираа сите да се пријават за денешната трка. Бројот е голем и се надеваме дека ќе продолжи да се зголемува низ годините. Ние ќе продолжиме со организацијата и нема да престанеме да изненадуваме“, вели директорот на Виз Ер Скопски маратон Кире Синадиновски.
Трката се одржа во организација на тимот на Виз Ер Скопски маратон, Сојузот на спортови на Град Скопје, а под покровителство на Град Скопје и Агенција за млади и спорт.