ОЈО: Возачот од „Дурмо Турс“ добива закани по живот – уште не е утврден виновникот за несреќата


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Првиот човек на Основното Јавно Обвинителство, Љубомир Јовевски изјави дека обвинителството има сознанија дека возачот на автобусот Дурмо турс добива закани по живот, а му се закануваат и на неговото семејство.

По една недела откако се случи трагедијата обвинителството се уште не соопшти кои се причините за несреќата и дали ќе има евентуална кривична одговорност. Се прибираат докази и се чекаат извештаите од вештачењето на предмети . Обвинителството чека од ДУРМо турс да достави уште документи кои се потребни за истрагата.

Од Алијанска на албанците се сомневаат во правилна истрага за оваа несреќа бидејќи сопственикот на компанијата според нив е близок на владејачката партија ДУИ. Пратеникот Рашити бара независна служба да го изврши вештачењето како и да биде формирана анкетна комисија во Собранието.

Двајца од повредените во сообраќајната несреќа сè уште се во тешка состојба. Едниот е на одделот за хируршка-интензивна нега а другиот на КАРИЛ. Во градската општа болница се лекуваат уште седуммина од повредените за кои министерството соопшти дека се во добра општа состојба. На КАРИЛ се третираат уште двајца и еден на клиниката за неврохирургија но се во стабилна состојба. На домашно лекување денеска ќе биде пуштен уште еден од повредените.