Home Актуелно ОЈО поднесе обвинение против НОВИНАРОТ кој ширеше ксенофобија и омраза преку социјалните мрежи по повод пожарот во соседна Грција

ОЈО поднесе обвинение против НОВИНАРОТ кој ширеше ксенофобија и омраза преку социјалните мрежи по повод пожарот во соседна Грција

ОЈО од Скопје достави до Основиот Суд Скопје, обвинителен предлог за сторено кривично дело против едно лице и тоа ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем.

Лицето се сносува со одговорност за стореното кривично дело на 24. јули годинава, кога на една социјална мрежа изнел ксенофобичен пишан материјал каде е опфатена омраза против етничката група Грци, поттикнат од пожарот кој во тој период го зафати пределот Атика во државата на нашиот јужен сосед. Инаку, обвинетиот е јавна личност, новинар, кој со својот коментар поттикнал и коментари од останати лица на својот профил, кои пак не се товарат за истото дело.

За ова кривично дело, согласно Кривичниот законик, предвидена е казна затвор од една до пет години.

Во текот на истрагата, надлежниот јавен обвинител преку Министерството за внатрешни работи – Сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика обезбеди детален документиран материјал за активноста од корисничкиот профил на осомничениот на социјалната мрежа како и други докази. Осомниченото лице не дало свој исказ пред надлежен јавен обвинител, бидејќи не било достапно на неговата адреса за да му биде врачена поканата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…