Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Обсновното јавно обвинителство ќе побара од Собранието да даде автентично толкување на законот за СЈО.
По денешниот стручен коплегиум, обвинителот Љубомир Јовески соопшти дека мислењето на Врховен, кој ги оспори предметите на СЈО е незаконски.
Јавното обвинителство ќе побара од Собранието автентично толкување на спорниот член 22 од законот за СЈО. Ова е одлуката по 4 часовната седница на стручниот колегиум на обвинителството, за начелното мислење на Врховен кое се однесува на предметите на СЈО. По седницата, првиот човек на институцијата, Љубомир Јовевски кажа дека со мислењето, Врховен излегол надвор од законските овластувања.
Јовевски кажа и дека јавното обвинителство ќе ги преземе сите предмети за кои СЈО ќе се огласи за ненадлежен, вклучително и доказите во постапките. Јавниот обвинител појасни дека тоа се однесува и на таканаречените бомби.
Во меѓувреме, Апелација денеска го одби барањето на бизнисменот Орце Камчев да излезе од куќен притвор. Жалбата на Камчев до второстепениот суд беше поднесена пред Врховниот суд да го донесе начелното правно мислење за истрагите на СЈО. На ваквата одлука, Камчев има право да се жали пред Врховен суд.