Охриѓанец го фати крстот во Скопје!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Бобан Павловски од Охрид го фати светиот крст во водите на реката Вардар во Скопје, кој традиционално се спушта по повод православниот празник Богојавление-Водици.

Пред неколку илјади присутни, Бобан беше најсреќен од повеќе од 100 лица кои беа во трка по светиот крст.

Церемонијата започна со Златоустова литургија во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ предводена од поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан, и со спуштањето на светиот крст од мостот „Слобода“ во водите на реката Вардар.


Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски на Бобан Павловски му додели златник и опков на Евангелието.

Организатор на манифестацијата е Скопската епархија на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, a кум на овогодешната манифестација е Димитриј Јовановиќ, угостител и сопственик на ресторанот „Стара куќа“.

Градот Скопје годинава активно се вклучи во организацијата на оваа манифестација, каде ангажирани беа и поголем број на јавни претпријатија на Градот Скопје и Противпожарната бригада на Град Скопје