Охриѓани поминаа мирна ноќ без силни земјотреси


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во текот на изминатата ноќ тлото на Охрид беше мирно. Последниот од низата земјотреси е регистриран вчеравечер во 22 часот и 52 минути со јачина од 3.6 степени според Рихтеровата скала.

Од Сеизмолошка опсерваторија соопштија дека вчера, 8 јули, биле регистрирани серија на земјотреси чии епицентри потекнуваат од охридското епицентрално подрачје.

Од многуте регистрирани земјотреси во текот на вчерашниот ден, дел од нив биле почувствувани во Охрид и околината.

Најсилните земјотреси се случиле во 21 часот и 31 минута со јачина од 3.7 степени според Рихтеровата скала и во 22 часот и 52 минути со Рихтерова магнитуда 3.6, соопшти Сеизмолошката опсерваторија.

Од таму велат дека вчера биле регистрирани и повеќе послаби земјотреси со Рихтерова магнитуда помеѓу 2 и 3.

Во последните 20-тина дена, Охрид и околината го погодиле над 1.000 земјотреси. Немирното тло внесе страв и паника како кај Охриѓани, така и кај туристите. Во последниве денови се забележува дека градот го напуштаат сè повеќе луѓе. Од страв за нов земјотрес, многу охриѓани преспиваат под отворено небо во шатори.