Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Десетина земјотреси од кои најсилниот со магнитуда од 3,4 степени според Рихтеровата скала се регистрирани во охридското епицентрално подрачје изминатата ноќ.
Од 18-ти минатиот месец до денеска во охридскиот регион се регистрирани над 1.000 земјотреси. Најсилниот беше вчера во 13:18 часот со магнитуда од 5 степени според Рихтеровата скала, предизвика вознемиреност кај жителите и туристите, а пријавени се и помали материјални штети. Потоа имаше еден од 4 степени според Рихтер вчера вечерта.
Последниот потрес е регистриран пред околу еден час, со јачина од 2,6 по Рихтер.
Поради потресите многумина охриѓани не се вратија да спијат во домовите, а владее паника кај населението.