Home Актуелно Охридско лето започна со балетскиот гала концерт „Големиот Чајковски“

Охридско лето започна со балетскиот гала концерт „Големиот Чајковски“

И годинава, по 61-ви пат Охрид ќе биде домаќин на стотици уметници од светот.

Шефот на државата, Стево Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска, министерката за култура, Ирена Стефоска, охридскиот градоначалник Константин Георгиески, републичкиот јавен обвинител Љубомор Јовески, американската амбасадорка Кејт Брнз, поранешниот директор на технолошко индустриски развојни зони, Виктор Мизо и бројни амбасадори, гости од дома и странство, се дел од отворањето на Охридско лето.

Со античкиот театар исполнет, годинава, фестивалот “Охридско лето” свечено ќе биде отворен со гала балетскиот концерт „Големиот Чајковски“ во изведба на уметниците од Националната опера и Балет.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…