Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Еден од најпознатите, најпризнати и најдокажани македонски хирурзи, д-р Тодор Ношпал, почина вчера на 60-годишна возраст.
Ношпал беше еден од најстручните кадри на Клиниката за ортопедија во Скопје, каде имаше и раководни функции, но во 2012 година доби отказ бидејќи наводно издавал службени тајни и ја повредил работната дисциплина.
Неговата јавна забелешка беше дека тешко болна пациентка не добива ортопедско помагало поради бирократски процедури. Судот подоцна пресуди дека незаконски бил отпуштен од работа.
Тој потоа работеше во неколку големи приватни клиники во земјава, за во 2020 да отвори сопствена приватна пракса.