Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Пред два дена, нешто по полноќ, жителите на хрватски Карловац ги вознемири силна детонација. Експлозијата доаѓаше од автоматот за пари од Карловачката банка, а беше последица на обидот двајца разбојници да го ограбат истиот со помош на минирање.
На снимката што ја објави Индекс.хр се гледа дека покрај банкоматот стои сив караван од кој излегува еден маж со капа на главата. По некое време од возилото изледува и друг маж со качулка наглавата.
Го полнат банкоматото со гас, па набрзо од силната експлозија се затресла целата зграда, а банкоматот бил уништен. Интересно е дека крадците го дозирале експлозивот, така што не попукале прозорците во зградата, а останал недопрен и банкоматот на друга банка сместен од другата страна на влезот.
Делови од разнесениот банкомат имало на сите страни и на десетина метри по паркингот. Крадците влегле низ разнесената врата и за неколку мига избегале во непознат правец.