Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Вратата на седиштето на Цивил е разбиена а внатре е се испревртено. Недостигаат неколку компјутери, фотоапарати, документи и друга опрема со која што располага невладината организација.
Разбојништвото се случило за време на празничниот викенд, а вработените дури утринава пријавиле во полиција. Првиот човек на Цивил Џабир Дерала за ТВ 21 вели дека чувствителните материјали сепак се на сигурно.
Ова е удар за организацијата која беше особено активна во текот на изборите во декември минатата година, и регистрираше стотици прекршувања на изборниот законик. Дерала сепак се надева дека мотивот е стекнување со материјални добра.
Цивил во изминатиот период остро реагираше и на случувањата на политичката сцена во земјава. Деновиве најостро го осудија насилството во македонското Собрание, а како виновник го посочија шефот на државата Ѓорге Иванов и ВМРО ДПМНЕ. Крим техничарите од МВР денеска извршија увид за расветлување на инцидентот.