Актуелно

Ограбена филијала на Стопанска банка во скопско Маџари

Вчера околу пладне, две маскирани лица извршиле разбојништво во филијала на Стопанска банка.

Според информациите на МВР, кражбата се случила вчера во 11 и 20 часот.

„Две непознати маскирани лица извршиле разбојништво над вработените. Сторителите влегле во банката и со закана со пиштол одземале околу 300.000 денари и 3.000 евра, по што избегале“, велат од полицијата.

Од таму додаваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на крадците и за целосно расчистување на случајот.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top