Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Разбојник украл 22.000 денари од аптека во Скопје, соопшти МВР.
Кражбата се случила вчера, околу 21.50 часот, во аптека на бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“.
Разбојникот ѝ се заканил на вработената со нож и украл од касата околу 22.000 денари, по што избегал.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.