Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Грабежот во домот на познатата македонска водителка Лила Филиповска се случил на први мај. Разбојниците провалиле во нејзиниот дом во населбата Чаир и одземал дел од нејзиниот вреден накит, пренесе 1тв.
Службите на МВР извршија увид на местото. За повеќе детали медиумите ја контактираа Лила Филиповска, која ја потврди информација за грабежот.
„Да, навистина сум ограбена. Засега не можам да ви откријам повеќе детали бидејќи полицијата во моментов врши увид“, била кратката изјава на познатата водителка.
Инаку во моментот кога бил грабежот Лила вели дека домот бил празен.