Огнен Јанески преку Фејсбук соопшти дека се повлекува од функцијата главен уредник во Телевизија 24


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новинарот Огнен Јанески преку неговиот Фејсбук профил ја извести јавноста дека од лични причини се повлекува од функцијата главен и одговорен уредник на информативната програма во телевизијата ТВ24.

„Одлуката ја донесов во текот на минатиот месец. Донесувањето на одлуката е исклучиво лична, поради приватни причини, а со менаџментот на телевизијата имавме неколкучасовен разговор во кој разговаравме за иднината на телевизијата, при што ја испочитуваа мојата одлука да се повлечам од функцијата. Не си одам од медиумот, туку останувам да си работам на своите претходни работни обврски како уредник и водител на емисии, при што веќе имаме планови со новитети за на есен, но, за тоа повеќе тогаш. Благодарност до сите колеги/шки и (ин)директни соработници/чки кои во изминатиот период ги поддржуваа одлуките кои заеднички ги носевме во насока на уште поголемо приближување до гледач(к)ите. Благодарам и на довербата на гледач(к)ите, особено на тие кои со своите совети, предлози и критики постојано не’ надградуваа во напорите за зачувување на најголемата наша цел – довербата кон вас, кој останува наш приоритет“, пишува Јанески на својот фејсбук профил.

Претходно од главната уредувачка позиција во оваа ТВ куќа се повлече новинарот Младен Чадиковски, откако беше избран за претседател на Здружението на новинари на Македонија.