Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Владата синоќа го усвои предлогот за зголемување на висината на акцизата за дизел, како што пред две недели најави министерот за финансии Драган Тевдовски, соопшти владината служба за информирање.
„Владата го разгледа и го усвои предлог законот за изменување и дополнување на Законот за акцизите со кој се предлага зголемување на висината на акцизата на гасно масло (дизел гориво) кое се користи како погонско гориво и на гасното масло што се користи како гориво за греење, за 3 денари“, соопштија од Владата на РМ.
Следен чекор е предлог законот да влезе во собраниска процедура каде што власта има мнозинство и се очекува да добие поддршка.
Оваа мерка наиде на бура на реакции кај граѓаните на социјалните мрежи, како и кај експертите кои потврдуваат дека ќе удри по џебот на граѓаните, особено кај најсиромашните, земјоделците и средната класа.
[…] ПОВРЗАНО: ОФИЦИЈАЛНО: Владата донесе одлука да се зголеми АКЦИЗА… […]