Oфицијално: УЕФА направи пет големи промени во Лигата на шампионите

champions league

Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Лигата на шампионите во новиот циклус ќе започне со пет големи промени.

УЕФА соопшти дека се официјализирани некои претходните најавени промени кои ќе стартуваат со новото издание на најелитното европско натпреварување.

ЧЕТВРТА ИЗМЕНА

Ќе биде дозволена четврта измена, но само во натпреварите од нокаут фазата и тоа само доколку се играат продолженија.

ПОДОЛГА КЛУПА

Освен за финалето 23 играчи на располагање на клубовите ќе им бидат за секој натпревар. Тоа овозможува 12 резервни играчи, за разлика од досегашните седум, што на тренерите ќе им даде поголема флексибилност за важните натпревари.

НОВИ ТЕРМИНИ

Плеј-оф, групните натпревари, осминафиналето, четвртфиналето и полуфиналето ќе започнуваат од 21:00 часот. Во групната фаза, два натпревари во вторник и два натпревари во среда ќе започнуваат во 18:55 часот. Само во последното коло натпреварите ќе се играат во исто време, а за исклучоци УЕФА ќе направи промени по потреба.

ЛИСТА НА ИГРАЧИ

Поинакво регистрирање на тимовите, бидејќи на клубовите ќе им биде дозволено да регистрираат три нови играчи без ниакви ограничувања после групната фаза. Пример: Кутињо оваа сезона не можеше да настапува за Барселона во нокаут фазата, бидејќи беше регистриран за Ливерпул во групната, во иднина клубовите нема да се соочат со таков проблем.

КВАЛИФИКУВАНИ КЛУБОВИ

Минатата година 10 клубови можеа да обезбедат пласман преку квалификациите до елитата, сега ќе има отворено само шест места.

Дури 26 клубови веднаш добиваат место во ЛШ, вклучувајќи ги освојувачот на ЛШ и ЛЕ. Кој ќе биде елиминран во нокаут фазата оди од плеј-офот.
Место во групната фаза имаат: Реал, Атлетико, Барселона, Валенсија, Баерн, Шалке, Хофенхајм, Борусија Дортмунд, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Тотенхем, Ливерпул, Јувентус, Наполи, Рома, Интер, ПСЖ, Монако, Лион, Локомотива и ЦСКА Москва, Порто, Шахтјор, Бриж, Галатасарај, Викторија Плзен.