Home Спорт Официјално: Тој е најдобриот изведувач на пенали во историјата на шпанска Примера

Официјално: Тој е најдобриот изведувач на пенали во историјата на шпанска Примера

Заедно со триумфот на Реал Мадрид на гостувањето кај Виљареал, со резултат од 3:2, во пакет дојде и уште еден, нов рекорд во шпанскиот шампионат.

Во 57-та минута, со гол од единаесет метри, Кристијано Роналдо стана најефикасниот изведувач на пенали во историјата на Примера со вкупно 57 погодоци. До претходно Португалецот го делеше врвот од оваа листа со Мексиканецот Хуго Санчез, некогашен напаѓач на Реал и Атлетико Мадрид, и Рајо Валекано.

Трет најдобар изведувач на сите времиња од белата точка во Примера е Роналд Куман, бивш играч на Барселона, со 46 голови. Четвртото место го делат Лионел Меси и Љубосав Пенев, некогашен фудбалер на Валенсија, Атлетико Мадрид и Селта, кои ја имаат протресено мрежата со удар од единаесет метри по 43 пати.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…