Актуелно

Официјално: Тој е најбогатиот човек во историјата на човештвото


Основачот на Amazon и официјално стана најбогатиот чове во историјата на човештвото, со имот кој „тежи“ над 105 милијарди долари, рангиран на листата со најбогати луѓе според Bloomberg.

Џеф Безос се искачи на врвот на оваа престижна листа, каде претходно беше воцарен основачот на Microsoft, Бил Гејтс. Но, Безос е првиот човек чиј имот ја надмина сумата од 100 милијарди долари.

Богатството на Безос, од почетокот на оваа недела, според листата од Bloomberg, изнесува 105,1 милијарда долари, а според Forbes тој „тежи“ 104,4 милијарди долари.

Најголем дел од богатството Безос го стекна благодарение на 78,9 милиони акции во Amazon кои ги поседува лично тој. Акциите на Amazon во понеделникот пораснаа за 1,4 насто, со што богатството на Безос се зголеми за 1,4 милијарди долари. После растот од 56 насто минатата година, акциите на Amazon повторно ја зголемија својата вредност за 7 насто на почетокот од оваа година.

Безос, исто така, заработува и благодарение на приходите од медиумот Washington Post и приватната вселенска компанија Blue Origin со која развива планови за населување на луѓе на Месечината.

Безос на почетокот од декември, минатата година, го престигна Гејтс на листата на најбогати луѓе.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top