Home Спорт ОФИЦИЈАЛНО: Санчез е играч на Јунајтед: Доаѓам во најголемиот клуб на светот!

ОФИЦИЈАЛНО: Санчез е играч на Јунајтед: Доаѓам во најголемиот клуб на светот!

Тоа што медиумите го најавуваа веќе неколку денови сега доби и официјална потврда – Алексис Санчез е играч на Манчестер Јунајтед!

„Црвените ѓаволи“ постигнаа договор со Арсенал за трансферо на Санчез, а во спротивна насока го испратија Хенрих Михтаријан.

Чилеанецот денес и официјално стави потпис на 4 и пол годишен договор и истакна дека е горд што доаѓа во најголемиот клуб на светот.

„Воодушевен сум што доаѓам во најголемиот клуб на светот. Горд сум што сум првиот Чилеанец кој некогаш играл за Манчестер Јунајтед.Се надевам дека ќе можам да ги оправдам очекувањата на сите навивачи на овој клуб“, изјави Санчез кој на „Олд Трафорд“ ќе го носи дресот со број „седум“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…