Официјално: Роналдо е играч на Јувентус!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Стигнуваа потврди од сите страни, а сега конечно пристигна и официјализација. Кристиано Роналдо е нов фудбалер на Јувентус!

Ова преку официјално соопштение го потврди Реал Мадрид, а неколку минути подоцна истото го направи и Јувентус.

Трансферот на официјално најдобриот фудбалер на светот изнесува 105 милиони евра, а Роналдо ќе потпише 4-годишен договор со „старата дама“ вреден 120 милиони евра.

Претседателот на Јувентус Андреа Ањели моментално е во Грција со официјалниот фотограф, па наско се очекуваат првите фотографии на Роналдо во дресот на Јувентус.