Официјално: Роналдињо повторно ќе игра фудбал!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Бразилскиот волшебник повторно ќе излезе на теренот кон средината на октомври.

Еден од најголемите во историјата се повлече во 2018 година, но во октомври за среќа на сите фанови на фудбалската игра ќе настапи во уште два натпревари од пријателски карактер.

Светскиот шампион со Бразил од 2002 година и двократен освојувач на ФИФА наградата за најдобар фудбалер во својата 39-та година ќе се врати на зелениот тепих. Двата настапи ќе бидат во Колумбија.

Прво на 17-ти октомври ќе настапи за Индепендиенте Санта Фе додека три дена подоцна ќе игра во големото дерби на Колумбија помеѓу Америка и Депортиво Кали, каде што за двата клуба ќе одигра по едно полувреме.