Официјално: Пропадна трансферот на Фекир во Ливерпул


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Многу пресврти беа видени во трансферот на Набил Фекир во Ливерпул, а на крајот „трансфер сапуницата“ заврши така што Лион и официјално ги прекина преговорите.

Олимпик Лион на својата официјална веб страница објави дека играчот од средниот ред Набил Фекир ќе продолжи да настапува за тимот и во сезоната 2018/19.

Лион соопшти дека преговорите меѓу капитенот и раководството на англискиот премиерлигаш завршиле неуспешно.

Најпрво се појави шокантна информација дека Фекир не ги поминал медицинските прегледи поради проблематичното колено, а потоа стигна потврда дека се е во ред и се чека само официјализација.

Меѓутоа, француските медиуми пренесуваат дека Ливерпул во последен момент се обидел да ја намали цената поради проблемите кои ги има играчот со коленото, што предизвикало револт кај Лион.

Поради тоа францускиот клуб ги прекина преговорите и потврди дека Фекир сигурно останува во Лион и следната сезона.