Славни

Официјално потврдено: ТОЈ е новиот Бетмен

Роберт Патинсон, актерската ѕвезда од франшизата „Twilight“, по кој тогаш воздивнуваа, а и сè уште воздивнуваат припадничките на понежниот пол од сите страни на светот, официјално е потврдено дека ќе го облече костимот на Бетмен и ќе го игра овој супер-херој во најновото продолжение од играната франшиза за човекот-лилјак.

33-годишниот Патинсон ќе го наследи Бен Афлек во улогата на Бетмен, кој се поздрави со ликот на супер-херојот после неуспехот на филмовите „Batman vs. Superman: Dawn of Justice” и „Justice League”.

Од Warner Bros за Variety официјално потврдија дека Патинсон е одбран за улогата на Бетмен во изборот меѓу него и британскиот актер Николас Холтон, кој исто така беше во игра за оваа улога.

Продолжението од филмскиот серијал за богаташот Брус Вејн од Готам Сити кој, како Бетмен, се бори против криминалот, ќе биде едноставно именуван „The Batman“, а во кината треба да се појави во јуни, 2021 година.

На Твитер за новото продолжение со Бетмен се огласи и Бен Афлек.

„Возбуден сум за The Batman во летото 2021 година и да ја видам визијата на Мет Ривс“, напиша актерот.

Advertisements
To Top