Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ракометниот клуб Вардар се раздели со Роберто Гарсија Парондо, а денес и официјално потврди дека нов тренер на „црвено-црните“ ќе биде Шпанецот Давид Хозе Писонеро, кој потпиша двегодишен договор.
Писонеро доаѓа од Валјадолид, каде беше тренер последниве две сезни. Претходно бил играч 12 години, од што девет сезони како дел од Валјадолид, Кантабрија и Адемар Леон.
Ракометната кариера ја завршил во мај 2003 година поради повреда, а Писонеро притоа кажа дека е среќен што ќе биде тренер на Вардар и што ќе биде дел од Лигата на шампиони.
„Верувам дека клубот бараше некои карактеристики за наследник на Парондо во кои и јас се гледам себе си, и стил на игра што јас го негувам. Јас сакам да работам секојдневно и да размислувам така, и не гледам далеку пред себе. Горд сум што ќе бидам тренер на Вардар и што ќе бидам дел од Лигата на шампионите“, изјави Давид Хосе Писонеро.