Официјално, овие фотографии љубовниот пар го чинеа затвор


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Ирански љубовен пар заврши зад решетки поради фотографии на кои се бакнуваат, објавени на социјалните медиуми.

Алиреза Џапалаги и неговата партнерка Паркур позираа како се бакнуваат на еден покрив во Техеран. Потоа беа уапсени за „ вулгарен чин “. Техеранската полиција соопшти дека нивните „неконвенционални потези, спротивно на обичајот и шеријатскиот закон“, довеле до апсења.

Овој потег привлече големо внимание на социјалните медиуми. Многумина ги критикуваа иранските закони, а има и такви кои тврдат дека приказната има подлабоки причини.

Имено, некои пишуваат дека Џапалаги објавил слични фотографии пред тоа, поради што немал никакви проблеми. Сепак, во неодамнешниот пост, тој го доведе во прашање исчезнувањето на неговиот татко, полицаец во одделот за борба против дрога и ги критикуваше надлежните и нивната истрага. Некои веруваат дека ова е вистинската причина за апсењето, пишува Би-Би-Си.