Официјално: Отфрлена жалбата против Барселона – но се уште не е крај!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тимот на Барселона нема да биде исфрлен од Купот на Шпанија, барем засега, пренесуваат шпанските медиуми.

Имено, на состакот кој го одржа денес Дисциплинската комисија на Шпанската федерација решено беше да се отфрли жалбата на Леванте. Според комисијата клубот закаснил со доставувањето на жалбата – 48 часа по завршување на мечот.

Меѓутоа, од таборот на Леванте објавија дека ќе се жалаат на одлуката пред Апелационата комисија и доколку таму не успеат ќе се жалаат до Спортскиот суд во Шпанија.

Каталонците се обвинети дека неправилно го користеле младиот фудбалер Хуан Брандарис – Чуми во првиот меч против Леванте, бидејќи дефанзивецот имал жолти картони добиени со младинците.

Леванте дури утрово достави жалба, а според правилата на Федерацијата требало да се жали најдоцна 48 часа по завршувањето на мечот.