Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Денеска во 17 часот претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ќе има официјално обраќање до граѓаните на Република Македонија, соопштија од неговиот кабинет.
Се претпоставува дека неговото обраќање ќе биде поврзано со наводната вмешаност на кабинетот на претседателот во случувањата на 27 април минатата година во Собранието.
Иванов денеска ги отфрли како небулозни тврдењата дека вечерта на 27 април наводно подготвувал прогласување воена состојба.
Неговите блиски соработници од кабинетот, Синиша Алексовски и Борис Јосифовски, дале изјава во Обвинителството, а Иванов очекува конечно да се расветли кој го смислил сценариото, ораганизирал и за кои потреби.
Посочи дека новата министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, имала време од речиси година и полвина интерно да истражи дали високи претставници на војската биле учесници или дел од оние кои тврдат дека било подготвувано прогласување воена состојба.