Home Спорт Официјално објавена заедничка кандидатура за домаќини на Светското првенство во 2030 година – еве кои земји се во комбинација

Официјално објавена заедничка кандидатура за домаќини на Светското првенство во 2030 година – еве кои земји се во комбинација

Мароканскиот крал Мохамед VI објави заедничка кандидатура на Мароко, Шпанија и Португалија за организација на Светското првенство 2030 година.

„Објавувам дека Мароко одлучи со Шпанија и Португалија да поднесе заедничка кандидатура за домаќинство на Светското првенство“, изјави мароканскиот крал.

Пораката ја прочита министерот за национално образование и спорт, Чакиб Бенмус.

„Оваа заедничка кандидатура ќе биде историски затоа што ќе биде спој на Африка и Европа, помеѓу северот и југот на Медитеранот и измеѓу афричкиот, арапскиот и евро-медитеранскиот свет“, истакна во пораката

Мароко во минатото неколку пати се кандидираше за домаќин на Светското првенство, а најблиску беше во 2010 година кога организацијата ја доби Јужна Африка. Ова е втора официјална кандидатура откако претходно тоа го направија Аргентина, Чиле, Парагвај и Уругвај.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…