Home Актуелно Официјално: Националната арена го доби името „Тоше Проески“

Официјално: Националната арена го доби името „Тоше Проески“

Националната арена „Филип Втори“ од денеска го промени своето име во национална арена „Тоше Проески“.

Портпаролот на Владата, потврди дека Националната Арена се преименува во „Тоше Проески“, па „Филип Втори“ замина во минатото.

Како што и беше најавено, денес Владата на редновна седница одлучи Националната арена да го носи името на најголемата македонска музичка ѕвезда.

„Утрово на редовната 129-та седница на Владата донесовме одлука за преименување на стадионот во Национална Арена Тоше Проески, во чест на личноста која остави трен белег на македонската и регионална современа историја“, соопшти портпаролот на Владата.

Ова е ново прекрстување на арената која во 2009 година беше преименуван во „Филип Втори“, а во периодот од 2016 до 2017 година го доби и името „Телеком Арена“.

Иако основната намена на арената е за играње на фудбалски натпревари, сепак никогаш до сега не доби име на некоја фудбалска легенда.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…