Официјално: Милан во шок – две години суспензија од Европа


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Тоа што се најавуваше изминатите денови, денес доби официнална потврда. УЕФА му изрече казна на Милан поради нарушување на Финансиски фер-плеј, и тоа жестока.

Имено, УЕФА денес официјално потврди дека Милан е суспендиран на ЕДНА година од европските натпреварувањa, која треба да биде издржана во текот на следните две сезони (2018/19 или 2019/20). Со оглед на фактот што „росонерите“ изборија пласман во Лига Европа, казната ќе важи за сезоната 2018/19.

Европската куќа на фудбалот го казни миланскиот гигант поради нарушување на правилата на Финансискиот фер-плеј.

Сега Милан ќе достави жалба до спортскиот арбитражен суд во Лозана, кој може да ја потврди казната на УЕФА или да ја намали.