Официјално: Мажиќ ќе го суди финалето во Лигата на шампиони!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тоа што се најавуваше овие денови, денес доби и официјална потврда. Српскиот судија Милорад Мажиќ ќе го суди овогодинешното финале во Лига на шампиони.

Ова не е првпат лидерите на европскиот и светскиот фудбал да му доделат на Мажиќ важен натпревар. Во финалето на Купот на Конфедерациите во 2017 година, тој ја делеше правдата на натпреварот помеѓу Германија и Чиле.

Една година претходно, трио од Србија, предводено од Мажиќ, беше задолжено за средбата од Суперкупот на УЕФА помеѓу Реал Мадрид и Севиља.

Овој пат Мажиќ ќе ја дели правдата на финалето од Лигата на шампиони во Киев помеѓу Реал Мадрид и Ливерпул.

Честа да го суди финалето во Лига Европа помеѓу Атлетико Мадрид и Марсеј ја доби холандскиот судија Бјорн Кјуперс.