Официјално: Масазо Нонака е најстариот човек на светот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Со своите 112 години и 261 дена (денес), Масазо Нонака (роден на 25 јули 1905 година) официјално е најстариот човек на светот.

На Масазо пред два дена му беше врачен сертификат дека е најстариот човек со своите 112 година и 259 дена во моментот на врачувањето.

Тој доби сертификат од Гинисовите светски рекорди во неговата куќа во Ашор на северот на јапонскиот остров Хокаидо.

Масазо Нонака е роден на 25 јули 1905 година и пораснал во големо семејство, кое цел живот одржува пансион со бањи, кој сега го управува неговата внука. Тој ја надживеа својата сопруга и две од неговите пет деца.

Од Гинис велат дека Нонака стана најстариот човек на светот откако Франсиско Оливере од Шпанија почина на 113 години оваа година.