Официјално: Манчестер Јунајтед го „заклучи“ Де Геа!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Манчестер Јунајтед денес и официјално го продолжи договорот на Давид де Геа, поточно ја искористи опцијата за автоматско продолжување на договорот за уште една година, односно до 2020 година.

Договорот на шпанскиот голман истекуваше на крајот на сезоната, но „црвените ѓаволи“ имаа опција автоматски да ја продолжат соработката на додатни 12 месеци и логично го направија тоа.

Сега Манчестер Јунајтед ќе биде мирен во наредните два преодни рока, но иднината на еден од најдобрите голмани во светот останува неизвесна.

Де Геа одбива да потпише догорочен договор со клубот од „Олд Трафорд“, па и покрај продолжувањето, тој на лето ќе влезе во последната година од договорот.

Де Геа ќе се согласи да потпише договор до 2024 година само доколку добие значително зголемување на платата и гаранција дека клубот ќе се бори за трофеи.

Шпанецот бара седмична плата од 350.000 фунти, односно 11,5 милиони евра годишно. Останува да видиме дали „црвените ѓаволи“ ќе се согласат на ваквите услови.