Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Maкедонија е трета европска клупска велесила во Европа!
Вардар оваа година ја израдува македонската јавност и одново се искачи на тронот на Европа.
Во изминатите три години Вардар три пати играше на фајнлфор турнирот во Келн, а два пати и ги освојуваше, а тоа беше доволно за нашата земја да дојде до третото место во Европа по успехот на клупскиот ракомет.
Денес беше објавен најновиот рејтинг на државите во Европа според кој ќе бидат одредени учесниците во трите европски натпреварување во сезоната 2020/21 кгоа Лигата на шампионите ќе се игра во нов формат.
На оваа листа на врвот се најдоа Франција и Германија кои ќе имаат четири претставници во новото натпреварување Европска ракометна лига (ЕРЛ) и едно во Лигата на шампионите, а зад овие две земји се наоѓаме ние. Македонија ќе има исто така едно место во ЛШ и три во ЕРЛ.
Треба да се истакне дека ова е најдобриот наш клупски рејтинг на ЕХФ.