Официјално: Македа се сели во ПИК Сегед


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Унгарскиот тим ПИК Сегед денес на својата официјна страна го потврди доаѓањето на ракометарот на Вардар, Хорхе Македа.

Десниот бек на Вардар во наредните две години ќе го носи дресот на ПИК Сегед. Ова е само официјална потврда за она што беше најавувано подолго време.

„Сега и официјално, може да се стави крај на сите шпекулации и да кажеме дека потпишавме договор со големо засилување. Хорхе Македа поптиша двегодишен договор“, стои во соопштението на Унгарците.