Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Славната 32-годишна пејачка (и од скоро и актерка) му се заблагодари на својот свршеник Кристијан Карино во говорот за време на настанот организиран од магазинот„Elle“, „Жени во Холивуд“.
На левата рака на Гага можеше да се забележи дијамантски прстен додека држеше емотивен говор, во кој допре теми како сексуални напади и ментални болести.
Таа веќе некое време го носи овој прстен, но ова е првпат да го спомене Карино како свршеник. Експертите во оваа област проценија дека вредноста на прстенот е меѓу 300 и 400.000 долари. Меѓу другото, тој го содржи еден од најретките и најуникатни сафири на светот, наречен падпарадскас.
Магазинот „People“ објави дека Гага е во врска со 49-годишниот агент за таленти од февруари 2017.
Таа претходно беше свршена и за Тејлор Кини, но раскинаа во 2016 година.