Официјално: Крос стави потпис на нов договор!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Германскиот репрезентативец, Тони Крос стави потпис на нов договор со Реал Мадрид и со тоа стави крај на сите шпекулации за неговата иднина.

Крос оваа сезона се вклопи во сивилото на тимот, па медиумите шпекулираа дека може да замине од „Сантиаго Бернабеу“ на крајот на сезоната.

Сепак, Германецот е еден од најважните фудбалери на „кралскиот“ тим и по барање на тренерот Зидан клубот му понуди продолжување на соработката.

Крос денес стави потпис на нов договор и се обврза на верност со „кралевите“ до 2023 година.