Официјално: Конте откри кој тим ќе го тренира следната сезона!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Антонио Конте оваа сезона го препороди Челзи и го донесе до титулата во Премиер лигата и финалето во ФА Купот, но не престануваат шпекулациите за неговата иднина.

Играчите го сакаат, навивачите го обожаваат, но семејството му живее во Италија и Конте не крие дека е носталгичен, а Интер му нуди 10 милиони евра по сезона.

Поради тоа веќе два месеци, откако сопствениците на Интер му испратија понуда, Конте не потврдува која ќе биде неговата иднина, но сега јавно откри кој клуб ќе го води следната сезона.

„Сакам да останам во Челзи и следната сезона. Само што започнав со работа на еден голем проект, но следната сезона мораме да бидеме уште подобри и да најдеме начин како да го засилиме тимот“, изјави Конте.

Англиските медиуми тврдат дека Конте е спремен да остане во Челзи, но од сопственикот Абрамович ќе бара големи засилувања.