Официјално и таа стана милијардерка според „Форбс“


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Американската старлета Ким Кардашијан Вест и официјално стана милијардерка според годишните статистички пресметки кои ги прави и објавува реномираниот „Форбс“.

„Форбс“ вчера ја објави годишната листа на светски милијардери, а за првпат на неа се најде и славната ријалити ѕвезда Ким Кардашијан. Тие исто така пишуваат како нејзините козметички компании „ККВ бјути“ и „Скимс“ ѝ помогнале да се најде на таа престижна листа.

Ким ја лансирала компанијата „ККВ бјути“ во 2017 година, а компанијата „Коти“ лани купила 20 отсто од уделот во нејзината козметичка линија според договор за кој се проценува дека тежи околу милијарда долари. „Форбс“ вели дека нејзиниот удел во компанијата сега вреди околу 500 милиони долари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian)

„Форбс“ наведува дека Ким има удел и во бројни други приватни компании и иако точните бројки не се објавени, изворот тврди дека старлетата „тежи“ вкупно повеќе од милијарда долари.

Кардашијан има и други инвестиции, вклучително и бројни недвижности, а исто така потпиша договор и со стриминг сервисот „Хулу“. Секако, не треба да се заборави дека повеќе од 213 милиони луѓе ја следат на Инстаграм.