Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На мала и интимна венчална церемонија, британскиот актер и еден од најпознатите ергени на светот, Хју Грант, прв пат стапна на „лудиот камен“, со својата долгогодишна партнерка, шведската продуцентка Ана Еберштајн.
Грант и Еберштајн заедно имаат три деца. Парот судбоносното „ДА“ го изговорил во Лондон во кругот на семејството и пријателите.
Актерот за овој ден одбрал да носи темно одело со сина кошула и тегет вратоврска, додека невестата носела светло сина кошула и бело здолниште.