Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија, Рубијалес денес му врачи отказ на селекторот Лопатеги, иако играчите беа против тоа.
Оваа одлука беше донесена откако Лопатеги вчера официјално потврди дека од следната сезона ќе го предводи Реал Мадрид.
Тоа во сојузот го сфатија како големо предавство на стратегот кој пред само 20 дена го продолжи договорот со репрезентацијата на Шпанија на уште две години.
Иако првично се тврдеше дека Лопатеги ќе го наследи Алберт Селадес, актуелниоит тренер на младата репрезентација, сепак Шпанија на Мундијалот ќе ја води Фернандо Јеро.
Легендарниот играч на Реал Мадрид беше спортски директор во репрезентацијата, а сега ќе ја води од клупата „црвената фурија“.
BREAKING: Fernando Hierro to take charge of @SeFutbol during the @FIFAWorldCup after the sacking of Julen Lopetegui. #SSN pic.twitter.com/XL55gsKJ69
— Sky Sports News (@SkySportsNews) June 13, 2018