Официјално: Ден Дончев директор на ФЗО, Тозија на Агенција за филм


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Владата денеска ги објави во Службен весник одлуките за именување функционери и директори на органи, државни управи и казнено поправни установи што се во надлежност на владата.

На списокот има 67 имиња меѓу кои се Ден Дончев за в.д директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Горјан Тозија во Агенција за филм на Република Македонија, Џељо Хоџиќ во Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Аднан Џафероски во Дирекцијата за заштита и спасување, Јово Деспотовски во Фондот за иновации и технолошки развој, Александар Наумовски во КПУ Затвор Скопје, Ѓоко Танасовски во Царинска управа, Билјана Јовановска во Агенцијата за вработување…

Од Владата велат дека Комисијата за кадровски прашања во владата, за секое лице поединечно, ги проверила содржините на поднесената документација за да се провери дали ги исполнуваат условите за именување и соодветно на фактите.