Официјално: Билбао донесе замена за Лапорте и го сришу шпанскиот рекорд!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Само неколку минути откако Манчестер Сити го потврди трансферот на Емерик Лапорте, Атлетик Билбао официјално ја објави неговата замена.

Станува збор за Ињиго Мартинез кој доаѓа од Реал Сосиедад за 32 милиони евра. 26-годишниот фудбалер потпише договор до 2023 година и во него ќе стои откупна клаузула од 80 милиони евра.

Со ова Мартинез стана најскапиот шпански дефанзивец на сите времиња и го надмина Серхио Рамос за кого Реал Мадрид во 2007 година плати 27 милиони евра.