Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фудбалскиот клуб Милан после 31 година ќе има нов сопственик! Силвио Берлускони денес и официјално го продаде клубот на кинески конзорциум на чие чело стои кинескиот милијардер Јангхонг Ли.
После долгомесечните преговори и одложувања, денес Милан и официјално премина во рацете на кинескиот конзорциум за сума од 740 милиони евра, плус новите сопственици ќе го превземат и долгот на клубот кој изнесува 220 милиони евра.
Со тоа се става крај на ерата на Силвио Берлускони кој беше на чело на клубот 31 година, во тоа време освои 30 трофеи со „росонерите“ меѓу кои и 5 Лига на шампиони. Милан со Берлускони на чело стана еден од најголемите и најтрофејните клубови во светот.
Новите сопственици се задолжени со клаузула во договорот во следните две години да вложат најмалку 350 милиони евра во засилувања, а медиумите тврдат дека Милан ова лето ќе има буџет од 150 милиои евра за трансфери.
Новиот сопствник веднаш најави дека негова цел е да го врати Милан на врвот на европскиот фудбал, а колку време ќе му биде потребно за тоа, останува да видиме.